fbpx
Вести

Уништени овоштарници со цреши

cresi

Штетите на земјоделците од охридско се сè поголеми. Црешата која е главна езгистенција на овоштарите од регионот е 100 проценти уништена.

Градот кој завчера падна во неколку охридски села ги доуништи овоштарниците, а од земјоделската задруга Охридска черешна велат ,овоштарите се во паника дека секое наредно невреме може да биде фатално и за преостанатиот род на овошје. Стравуваат од големи загуби без парична оштета, од причина што ретко кој од нив ги има осигурано посевите поради тоа што две години немаат земено субвенции.
„Навистина штетата е голема бидејќи тековните трошоци до крајот на годината мораме ние да ги сносиме.Посебно овие шоковите кои ги доживеаја овошните култури, тогаш им е потребно и тоа каква нега.Во секој случај најгoлемите се штетите кај овоштарството бидејќи пак ќе напоменам имаме големи тековни трошоци.За 5-6 насадени хектари еден третман е минимум 1000 евра и до крај на сезона треба да се продолжат тие третмани.“ – вели Ванчо Стојаноски, Земјоделска Задруга „Охридска Черешна“.
Она што најмногу загрижува е дека токму оваа година се зголемило производството на цреша која најчесто охриѓани ја извезуваат за Русија, тоа значи дека загубата е уште пoголема а извозот пропаѓа, затоа што цреша нема да има ни за проба, а овоштарите ќе останат без пари.
Стојаноски вели дека спасот сепак го гледаат во исплаќање на субвенциите за да дојдат до пари и ги купат барем основните препарати. Она што и агрономите го препорачуваат е земјоделците постојано да следат временски прогнози и заштитата на дрвцата да не ја прават на своја рака.
„Најголемиот дел од новите насади што ги има во охридскиот регион, што кажавме се зголемија оваа година ни се во полн род и штета значи.Ете се надевавме на добар пласман годинава ама ништо. Инаку црешата и те како има висока цена и е најпрофитабилна овошна култура“ – додава Стојаноски.
Оваа година намален принос ќе има и кај житните култури. Пченицата не е израсната ни до очекуваниот просек на раст, додава Стојаноски. Недостигот на земјоделски и органски производи на пазарите ќе доведе и до нагло зголемување на цените.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close