Владата ја усвои новата програма за рурален развој. Деновиве ќе биде објавена во службен весник по што ќе почне реализацијата на мерките за кои земјоделците ќе можат да аплицираат. Прва мерка за која ќе биде објавен оглас на почетокот на февруари е набавка на трактори и останата механизација за житни и индустриски култури, информираат надлежните.
Годинава во рамки на програмата ќе почне и субвенционирањето на каматите за кредити за ИПАРД проектите, што беше најавено лани, а наредниот месец се очекува и огласот за млади земјоделци.
И земјоделците кои ќе подигнат нов овошен или лозов насад, ако сакаат помош од државата ќе треба да се пријават до крајот на февруари, а годинава и пчеларите ќе можат да аплицираат за средствата од програмата за рурален развој.