fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Увозот расте побрзо од извозот

Трговската размена со странство достигна 5,3 милијарди долари

Вкупната стокова размена во првите три месеци од годинава изнесува пет милијарди 354 милиони 410 илјади американски долари. Пораст има и кај извозот и кај увозот.
Според денешните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во овој период вкупната вредност на извозот на стоки е 2 милијарди 174 милиони и 918 илјади долари и бележи пораст од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува три милијарди 179 милиони и 492 илјади долари, што е за 20,4 проценти повеќе.
Трговскиот дефицит изнесува 1.004.574.000 долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.https://nezavisen.mk/trgovskata-razmena-so-stranstvo-dostigna-53-milijardi-dolari-uvozot-raste-pobrzo-od-izvozot/
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close