fbpx
Вести

Вакцинирањето на свињите од свинска чума ќе заврши до Нова Година

svinji

До крајот на годинава завршува вакцинирањето на свињите од болеста свинска чума. Со ставањето под контрола на оваа добиточна болест, фармерите ќе може да извезуваат свежо месо и животни.

Македонија со сопственото производство ги задоволува потребите на свежо месо, но со отворањето на границите ќе се отвори пласманот и на нови пазари.

До први јануари 2019-та, Македонија ќе престане со вакцинација на добитокот од болеста свинска чума. Ова беше и пречка што досега свежото свинско месо и животни не смееја да ја поминат границата.

Доколку се потврди дека оваа болест ја нема во фармите, според Агенцијата за храна и ветеринарство, од 2020-та година ќе се бара дозвола за извоз на европскиот пазар.

Планот е да се зајакнат мерките за контрола на евентуалното присуство на вирусот во фармите, кланиците и кај дивите свињи, како и подобрување на системот за идентификација и обележување на добитокот во земјава.

Со контролите на 12 најголеми фарми, утврдено е дека во Македонија целосно се применуваат сигурносните мерки, кои се дури построги и од европските.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close