Голем интерес во Кавадарци и Росоман за обука за ИПАРД поддршката и грант програмата за млади земјоделци

(Oвој напис е објавен на: February 23, 2018)

ipard

Голем е интересот кај кавадарчани и росоманци за обука за ИПАРД поддршката со субвенционирање на 60 проценти од инвестицијата, како и за програмата за грант за млади земјоделци од по 600 илјади денари, вели Драганчо Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.

– Досега околу 500 земјоделци имаат обезбедено механизација со поддршка, а околу 80 млади добија грант за земјоделци, рече Николов.

Тој нагласи дека континуирано ги информираат сите заинтересирани околу новините и сите програми за поддршка. Истовремено, во просториите на Агенцијата им стојат на располагање со одговори за сите нивни прашања во областа на земјоделството.


 

бриф.мк