fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За бербата на јаболката возете исправна и регистрирана земјоделска механизација

МВР со апел до овоштарите во Преспа и претстојниот јаболкобер

Почитувани земјоделци,
        МВР на РСМ – ОВР Ресен во пресрет на зголемените земјоделски активности  кои ќе се превземаат за време на претстојниот Јаболкобер Ви укажува дека е потребно Вашите земјоделски машини (трактори и приклучна механизација) да ги доведете во исправна состојба, истите да бидат регистрирани, технички исправни и прописно осветлени и означени. Согласно нашите статистики како најчести причини за случените сообраќајни незгоди во овој временски период биле неосветлени трактори, приколки и работни машини.
        ОВР Ресен исто така укажува брзината на движење да се прилагоди спрема условите на патот а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Сл. весник на РМ“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 98/19, 302/20 и 122/21), брзината на движење на  јавните патишта за трактори се ограничува на 30 km/h а за  за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица  се ограничува на 25 km/h.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close