fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Васко Јосифовски формира нов Иницијативен одбор на групата „Македонски тутунари“

Целта на новиот Иницијативен одбор е да се изврши притисок врз парламентарното мнозинство преку опозицијата и дел од пратениците кои се од власта, а се пратеници од тутунските региони, за зголемување на субвенциите и исплаќање на антиковид пакет на тутунарите како и поведување иницијатива за промени на законот за тутун и реализација на истата.

Тутунарите членови на ФБ групата „Македонски тутунари“ направија нов Иницијативен одбор, во најголем дел со членови кои досега не беа дел од првоформираниот ИО.

На челната позиција на новиот ИО е тутунарот Васко Јосифовски, кој беше дел од првиот ИО, но поради различните ставови, дел од членовите на првоформираниот ИО се одделија во нова група „Тутунари од Македонија“, која ги предводи Игор Мирчески.

Јосифовски пишува дека по двонеделни сериозни разгледувања на предлози, телефонски и Фејсбук комуникации дојдовме до список кој можеме да го наречеме Иницијативен одбор на групата „Македонски тутунари“. Целта на новиот Иницијативен одбор е да се изврши притисок врз парламентарното мнозинство преку опозицијата и дел од пратениците кои се од власта, а се пратеници од тутунските региони, за зголемување на субвенциите и исплаќање на антиковид пакет на тутунарите како и поведување иницијатива за промени на законот за тутун и реализација на истата.

-Решени сме да истраеме до крај, бидејќи сме свесни за катастрофалните последици врз тутунарството предизвикани од неодговорниот однос на власта со носењето на законот за тутун од 2019 година, вели Васко Јосифофски, тутунар од Пелагонија, креатот на ФБ групата „Македонски тутунари“

НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ СЕ:

1.ВАСКО ЈОСИФОВСКИ

2.КИРЕ РИСТЕСКИ

3.ГОРАН ТАЛЕВСКИ

4.ВАСКО ГЕОРГИЕВ

5.ИРЕНА ДАМЈАНОСКА – ЗМЕЈКОСКА

6.НИКОЛЧЕ СТАНКОСКИ

7.СИМЕ ВИДЕСКИ

8.МУАМЕД БЕЉУРОВ

9.АХМЕТ ДЕМОВ

10.ЌАЗИМ МУСТАФОВ

11.ЕРОЛ ДЕМОВ

Во наредните денови списокот може да се надополни со нови членови или да претрпи измени се со цел да се состави тим кој навистина ќе може да одговори на поставените задачи, пишува Јосифовски.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close