fbpx
Вести

Пријавување за субвенции за органско производство до 25 Декември

prijavuvanje za subvencii za organsko proizvodstvo do 25 dekemvri

Органските производители имаат само уште неколку дена за пријавување за субвенции, односно до 25 Декември . Земјоделците кои се занимаваат со ваквото производство имаат од 30 до дури 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери.

Органското производство се субвенционира со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците со дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.

Годинава органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 70, а лозарите и овоштарите дури за 100 проценти.

Дополнително ќе им се платат и половината од трошоците за сертификатот за органски производи.

По 3.500 денари за хектар следуваат и за нивите на кои се користи зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за следната година за одгледување на друга култура.

Во Македонија има регистрирани вкупно 3.100 хектари со органско производство и 480 производители.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close