fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМеханизацијаОгласникТоп вести

Важно за јавниот повик-Мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства

Петковски појаснува-Набавка на земјоделска механизација, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство, Набавка на пчеларска опрема, Набавка за силоси Набавка на машини за разбивање на мраз Инвестиции во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло Набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, Инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, за потребите на објектот, Набавка за опрема за производство на тутун.

Борче Петковски, заменик директор на АПРЗ  појаснува согласно програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година кои инвестиции се  прифатливи со активниот јавен повик бр. 4/2023 за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.

 

Покрај останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година кои се предвидени од МЗШВ и АФПЗРР, во соработка со АПРЗ,  во моментов активен е јавниот повик бр. 4/2023 за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.  Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделските стопанства и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството.

Согласно програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 год, прифатливи се следните инвестиции:

  • Набавка на земјоделска механизација, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство,
  • Набавка на пчеларска опрема,
  • Набавка за силоси
  • Набавка на машини за разбивање на мраз
  • Инвестиции во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло
  • Набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација,
  • Инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, за потребите на објектот,
  • Набавка за опрема за производство на тутун.

Поради тоа што овоштарството како земјоделска гранка, во голема мера зависи од еколошките услови, овоштарството како економски сектор е најмногу чувствителен на климатските промени кои претставуваат сериозна закана за овоштарите. Последните години сме сведоци  за сепочеста појава на топли зими, кои што предизвикуваат предвремено цветање на овошките и рани пролетни мразеви кои знаат да направат голема штета и да го намалат родот во голема мера, а неретко и да го уништат целокупниот род.

Токму заради тоа, како долгорочно решение за заштита на овоштарниците и обезбедување на добар род, се препорачува овоштарите да инвестираат во системи и машини за заштита од пролетни мразеви и град.  Со оваа инвестиција би се зголемиле целокупните трошоци за одгледување на овошните насади, како и  производната цена на овошките, но сепак претставува неопходност со цел прилагодување кон климатските промени и избегнување на евентуалните големи загуби.

Во оваа мерка се опфаќа како прифатлива инвестицијата за набавка на машини за разбивање на мраз со висок процент  ( до 75%) поврат на финансиски средства, со што се олеснува финансискиот товар на земјоделските стопанства.

Пишува М-р.Борче Петковски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close