fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ССК: Поскапувањето на ќесите треба да се одвива етапно

Или одложување на Законот или клуч на врата, производителите на ќеси на своите вработени веќе им најавиле отпуштање од работа.

Или одложување на Законот или клуч на врата, производителите на ќеси на своите вработени веќе им најавиле отпуштање од работа. Според нив поскапувањето на ќесите треба да се одвива етапно, бидејќи никаде во светот нивната цена не е толку висока. Од Групацијата при ССК, барањата веќе ги испратиле до животна средина.

„Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Исто така неопходно е да се интервенира во казнените одредби бидејќи глобите за трговците доколку на пример не водат соодветна евиденција за продажбата на кеси се и до 180.000 евра. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица.“ изјави Ели Качева, претседател на групација на производители и преработувачи на пластични маси.

Објаснуваат дека за прилагодување на производството ќе им бидат потребни неколку години и повеќе милиони евра, за набавка на машини, обука на вработени. Како најголем проблем го посочија и светскиот недостиг на биоразградливи репроматеријали.

Според нив државата најпрво акцент треба да стави на рециклирањето.https://kanal5.com.mk/ssk-poskapuvanjeto-na-kesite-treba-da-se-odviva-etapno/a506017

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close