fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

ВИДЕО – За прв пат по повод Богојавление се осветија водите не вештачкото езеро кај Прилеп

За прв пат оваа година, веднаш после завршувањето на Богојавленскиот водосвет кој се одржа во дворот на црквата Свето Благовештение, претставници на свештенството од прилепското Архијерејско намесништво, без присуство на верници, по повод празникот ги осветија и водите на прилепското вештачко езеро

За прв пат оваа година, веднаш после завршувањето на Богојавленскиот водосвет кој се одржа во дворот на црквата Свето Благовештение, претставници на свештенството од прилепското Архијерејско намесништво, без присуство на верници, по повод празникот ги осветија и водите на прилепското вештачко езеро, објави Инфо Компас.

Велат дека ова го прават за благослов и бериќет на градот, бидејќи од езерото се наводнува целото прилепско поле каде пак се произведува храна за луѓето. Осветувањето е направено и поради тоа што тука се имаат случено и неколку немили настани, а според свештениците со осветувањето пак на водата и нејзиното испарување се осветува и целата природа.

https://infokompas.com.mk/2021/01/19/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2-%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5/?fbclid=IwAR2evdU6GM9xiQ6eQDDSkBB0MGDP_-KaaYeHZJb0Cy9cFXrJf1l387KXdG4

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close