fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Викторија Паскоска од Крушеани го собра овесот, обезбедува храна за фармата со крави

Фармерите сами произведуваат храна за фармите со крави, не се исплаќа да купуваат

Вредната земјоделка Викторија Паскоска од село Крушеани, во западниот дел на Прилепско Поле, го собра овесот, обезбедувајќи храна за фармата со крави.

Викторија одгледува  40 крави од кои 30 се молзни. Вели дека субвенции не зеле сточарите за седум месеци од изминатата 2023 години.

-На 100 декари посадени со овес веќе имаме обезбедено 150 ролни и нивите ги подготвуваме за пченка за силажа. Одгледуваме 40 крави, од нив 30 молзни и 10 подмадок. Храната од сопствено производство ни е најважна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close