fbpx
ВестиВино

Винарија Бовин-20 години перфекционизам во производството на вино

Винаријата Бовин од Неготино, слави две децении постoење. 20 години напорна работа, со фокус на квалитет а не на квантитет, создавајќи ексклузивни македонски вински брендови. Винаријатаденес извезува во 37 земји, на 5 континенти, произведувајќи ги трите најскапи вина во Македонија Erа, My Way и A’gupka. Во 2002-та година виното Александар од Бовин се служеше на венчавката на принцот Вилхем од Холандија. Оваа година вранецот My Way 2011 беше прогласено за едно од најдобрите црвени вина во светот освојувајќи највисоко златно признание на интернационален вински натпревар во Њујорк. Бовин е првата приватна винарија во Македонија, од која започна трендот на извоз на флаширани вина, и развојот на винската култура во нашата земја. Во моментов нуди дури 34 различни вина поделени во четири сегменти: Quality, Superior, Barrique и Dessert, а во својата гама на производи нудат и три вида на ракии, како и шерибренди (вишновка).   

Ова се само дел од причините за да ја раскажеме приказната за оваа реномирана винарија.

 

Основана во 1998 година од браќата Кирил и Ѓорѓи Богевски, Бовин е првата приватна винарија во Македонија. Започнувајќи со скромен капацитет од 120.000 литри, на исклучиво квалитетно вино, веќе во 1999-та година своето прво вино го продаваат за цена пет пати поголема од водечкото вино во тоа време.

Од Бовин почнува приказната за производство на квалитетно флаширано вино и развојот на винската култура во Р. Македонија, нешто што го следеа речиси сите останати винарии во земјава. Денес оваа винарија располага со капацитет од милион литри, а производството е еднакво на капацитетот. Ги произведува најексклузивните вина во Македонија и на Балканот, виното ERA кое чини 250 евра, вранецот со етикета My Way од 2011 година, до неодамна најскапото вино во Македонија, а веројатно и во регионот со цена од 150 евра, а во високата ценовна категорија се наоѓа и A’gupka со цена од 50 евра.

 

Но, се почнало како мала игра на судбината во која се нашле двајцата браќа, Кирил и Ѓорѓи Богевски. 

„Околу нас цел живот имаше лозја, родени сме во Кралската визба во Демир Капија, така што тоа е судбина. Сакаме вино откако знаеме за себе, и дома правевме по тон или два за пријателите затоа што беше дозволено да се продава. Кога почнавме да го градиме Бовин, многумина се сомневаа дека ќе опстане, затоа што покрај нас работеа винарии со скоро 100 милиони литри , но тоа не не обесхрабри. Сакавме да направиме нешто ново, што ќе се разликува, верувавме во нашата визија. Размислував како економист, нема смисла да работите бизнис за две марки, но за десет има.!

Така нашето вино во старт беше пет шест пати поскапо од останатите. Тоа ги охрабри и другите и така се создаде винската цена во Македонија“- вели Кирил, постариот од двајцата браќа, економист кој предходно работел 20 години во фабрика за кабли, додека не го пронашол својот вински пат.

А, од таа 1998 година Бовин го следи сопствениот пат на производство на висококвалитетни вина, од кои се бара шише повеќе, вина направени само во тие години на берба и во многу ограничени серии од неколку илјади шишиња. Никогаш не правиме копија од вино, тоа е здодевно. На крајот на краиштата, има само еден оригинал на песната “Мојот пат”, од Френк Синатра – објаснува Кирил Богевски, инаку “кум” на сите овие етикети и додава дека ова вино е за оние кои имаат пари, за секој што сака и може да плати таков оригинал. Самата винарија, се наоѓа на периферијата на Неготино, однадвор и не изгледа голема, бидејќи некако е сокриена во ридот и зеленилото, но внатре во подрумите и архивите се крие вистинско богатство. На покривот дури има и тениски и кошаркарски терен, и отворен базен. Винарија Бовин е една од ретките македонски винарија која живее само од сопствениот бизнис, има дабови дрва за своите буриња, користи уникатна технологија во подрумот, и во која насекаде се препознава мотото – My Way Мојот пат!

Во приказната за овие единствени вина од Македонија се вклучи и енологот Борис Нечев, кој вели дека цените не се одредуваат од око, туку дека тоа е макотрпна работа. Најпрво избираме лозје од околу три хектари, каде што грозјето има исклучително добра арома, тероар. Во нормални услови, од тие хектари треба да се соберат околу 60 тони вранец, за да се добијат околу 30-40 тони вино, од кои ќе се направат само 1.200 литри! Грозјето се суши, пресушува, останува мала количина, и нормално е дека цената е висока. Овој енолог со нескротлива енергија, бунтовност и страст токму каков што е Вранецот, кој се обидува да го скроти во подрумите, вели дека е реткост да се случи таква квалитетна берба, како што беше во 2011 и 2012 година, од која и излегоа моментално најексклузивните вина My WayA’gupkа и ErаНо ние сме нон стоп во лозовите насади, каде нашето грозје расте заедно со шумските плодови, и сите убавини на природата, и каде веруваме дека сеуште се крие нешто ново неистражено, нешто што ќе не изненади.  Виното се создава на лозовите насади, а финализирањето е во винариите.

Вранецот постојано изненадува, кај него секоја нова голтка открива нешто ново, додава г. Ѓорѓи Богевски. Според него за да се успее, па дури и во Македонија каде постојат 85 официјално регистрирани винарии, мора да се креира нешто навистина уникатно, специфично, поквалитетно, што ќе се одвои од останатите вина.  Зборот Бовин на кинески значи “богатство” , а токму такви се овие вина, вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила, кои откако еднаш ќе ги пробате, повторно сакате да се вратите на нив!

 

За почетоците

Успеавме да собереме 25 дозволи за отпочнување со работа, ги собравме сите можни мајстори од Неготино и околината и на 22 јули 1998 година, изградивме камен-темелник на винарија со капацитет од околу 100.000 литри, која ќе биде изградена за само 40 дена!

– Имав идеја, патував низ целиот свет, имав можност да пробам многу вина и знаев дека она што го правивме дома, дека е од најдобрите вина. Затоа решивме да го подигнеме Бовин (Анаграм од Богевски вина) Почнавме со три бели вина Traminec, Sovinjon и Rizling, додека Шардоне дојде следната година.

Веќе во 1999 година на агро експо саемот во Скопје, црвеното вино “Venus” освои златно признание за најдобро црвено вино во Македонија. Истото вино го повтори успехот и следната година,  а Бовин 7 години по ред беше шампион во категоријата на црвени вина. 2001, 2002 и 2003 со “Dissan”, а 2004, 2005 со виното ”Daron”.

Го дуплиравме производството, кое после 5-тата година достигна милион литри. Започна продажбата во странство, и извоз на различни континенти, а производството стигна до 1.5 милиони литри. Од самиот почеток наша неприкосновена цел беше да креираме врвно вино, со висока цена, кое ќе биде престиж да се конзумира. А токму тоа ни го овозможува вранецот, кој секогаш нуди нешто посебно. Изминативе 20 години луѓето се едуцираа, и не е случајно што се повеќе се пие црвениот вранец.

Бовин е бренд што чекор по чекор го освојува целиот свет. Тиквешкиот регион, има идеални почвени и климатски услови за одгледување на виновата лоза. Кога сето ова ќе се искомбинира со стручен експертски кадар и квалитетна технологија, неизбежно е добивање квалитетно виноИмаме идеи, визии, проекции кои се обидуваме да ги спроведеме. Претходно одевме на саеми за да пробаме некој нов вид вино, и по неколку години заклучивме дека нема потреба толку многу да се пробуваат туѓи вина, почнува да ве боли главата. Од нашето вино колку и да испиете никогаш нема да ве боли глава. Затоа го пиеме само она што ние го правиме, Бовин е нашиот живот, истакнува Кирил.

 

Директорот на винаријата, г. Ѓорги Тренев, го прашавме за кого се производите на Бовин, имајќи во предвид дека има вина со цена од 250 евра по шише?

Бовин, според мене ги нуди најдобрите вина во Македонија, а особено во однос цена/квалитет. 20 години инвестираме се со цел континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи, а во исто време и да се овозможи нашите вина да се достапни до поголем број од потрошувачите во Македонија и пошироко. Лојалноста на нашите потрошувачи, извозот во 37 земји во светот, зголемената побарувачка, како и многуте награди кои ги имаме добиено се потврда за исправноста на политиките на Бовин како од аспект на цена, а пред се во квалитетот, во секој поглед од нашето работење.

 

Имаме и уникатни вина, кои се во ограничено мали серии, и кои, не е нескромно да се истакне дека може да се дегустираат и купат само во Бовин. Цената ја одредува пазарот, и досега секој наш производ го најде своето место.

Г-дине Тренев колку вас лично наградите Ве мотивираат за дополнителни успеси?

Тие се потврда за начинот на кој работиме. Тие се афирмативни, но секако дека добиваме и забелешки. Ние се трудиме секогаш да сме подобри од претходниот пат, и да не сме задоволни од постигнатото. Континуираното учење и инвестирање се основни предуслови за развој на било која компанија. Наградите се секогаш потврда за сработеното, сатисфакција за вложениот труд, за самодоверба на пазарот.

Наградите, медалите, сертификатите го зголемуваат авторитетот на една компанија на пазарот и потрошувачите имаат повеќе доверба во производите кои имаат ознаки за медали и награди. Затоа значењето на наградите е двострано и е многу значајно, и за тие кои произведуваат, продаваат и за тие кои купуваат.

Инвестииците во секој поглед не смеат да престанат. Пазарот е област која не мирува, и секој посакува поголем дел од него. Тоа е секојдневна борба на претприемачки и маркетинг активности за придобивање на повеќе купувачи. А тие веруваат и се лојални на квалитетни производи во континуитет. За да се постигне тоа мора континуирано да се вложува во секој аспект од делувањето една компанија.

Сопствени лозови насади

Раководител  на лозовите насади на Бовин е Љубинка Петров, дипломиран инженер агроном, која во винаријата работи од нејзиното основање. Таа не информира дека Бовин денес поседува околу 65 хектари лозје кои се наоѓаат во Тиквешкото виногорје, а просечната старост на лозовите насади е дванаесет години.

Лозјата се засадени со следниве вински сорти: шардоне, мускат, темјаникатраминец, совињон блан, и смедеревка од белите сорти, деодека каберне совињон, вранец, мерло, темпранило, кабернефранк, санџовезе, сира,  пиноноар и петитвердо од црвените сорти. Останатото потребно грозје го купувамеод проверени кооперанти со кои соработуваме години наназад. Имаме и наши лозови насади стари повеќе од 50 години од кои ни доаѓаат исклучителните вина Дисан и Император. Лозовите насади на Бовин се изградени во три етапи: 2001, 2006 и 2008 година. Се наоѓаат на само неколку километри од винарската визба, на 70 хектари земји, комплетно опремени со систем капка по капка од 2005 година, со исклучок на насадите во селото Дисан, од каде доаѓа вранецот, кој и нема потреба од наводнување. Вранецот намерно се дехидрира, па потоа се собира”, ни изјави г-ѓа Петров.  “Квалитетот на суровината за производство е од големо, а некаде и од пресудно значење за квалитетот на одреден производ. Тоа ние во Бовин многу добро го знаеме и секогаш се трудиме да имаме врвна суровина, врвно грозје за производство на нашите вина“, додава г. Тренев

 

Тајната се крие во подрумите!

90 барик буриња изработени од македонски храст (quercus roburi,  quercus petraea) се сместени во подрумот на Бовин, каде ве опива мирисот на ванила. За секоја нова берба се користат нови буриња. Во 2003 година пробавме и француски храст, но се покажа лош во комбинација со вранецот. Во 2009 година година се појави првиот “Император” вино со врвен квалитет, никој не веруваше дека може да се направи такво вино на пазарот, а ние продадовме се што направивме! Во моментов е актуелен Imperator 2016. Вистинската приказна е да се произведува и продавада не чекате пет години, смета Кирил.

Колку од производството се извезува?

Над 65% од производството на Бовин се извезува и тоа во 37 различни држави! Би истакнал дека од регионот наш најголем пазар е Албанија, регион каде се има многу развиено винската култура, паралелно со  туризмот. Таму извезуваме годишно над 5 шлепери вино, најмногу од било која друга македонска винарија. Во Србија и Хрватска особено се популарни црвените вина Александар, Дисан и Император, и секако неприкосновениот вранец My Way од 2011 година, а од белите вина Мускатот. Би ја истакнал и Јапонија, каде имаме многу позитивни критики за нашите вина, и секако пазарот на Северна Америка, каде во перспектива очекуваме многу поголем пласман особено по последното признание кое дојде токму од Њујорк, САД.

Нашите најскапи вина се единствени, направени само во тие години и во многу лимитирани серии од неколку илјади шишиња. Невообичаените технолошки постапки носат очигледни резултати на глобално ниво.

Дали се плашите од “индустриска шпионажа”?

– Постои такво нешто, се обидуваат да не копираат, но тоа не оди така лесно, бидејќи секогаш правиме нешто ново. Нашиот стил тешко се копира. Не затоа што го криеме, туку проблемот е што треба да се организирате. Ако треба да станете во еден час на полноќ, станувате. Ако одлучите да почнете денес, утре веќе е доцна. Грозјето се добива од нашите лозови насади и оние што ги изнајмуваме веќе 19 години, па затоа не е лесно да се ископира. Кое е вашето омилено вино? Вранецот My Way 2011 е омиленото вино на Кирил Богевски од црвените вина, а во летниот период преферира да го пие питкото црвено вино Санџовезе.  Ѓорѓи Богевски ги преферира белите вина, додавајќи дека виното секој ручек го прави значаен и свечен, а секоја маса поелегантна.

 

Зошто е посебен Вранецот My Way 2011? Вранецот со етикета My Way од Бовин е направен од касна селектирана берба од 2011 година од сопствени дехидрирани гроздови на специфична локација на надморска височина од 700 метри. Од лозови насади стари повеќе од 50, 60 години, кои со годините мутирале и успешно се прилагодувале на сите временски услови, за да преку контролирана ферментација се добие полно вино, робусно, кое  веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба. Го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња. Поради комплексноста се препорачува да се комбинира со силни црвени меса, и десерти од црно чоколадо.  Направено е да уживате! Кирил, ни раскажа и една интересна анегдота: Заборавив цел месец половина шише од My Way на прозорец, на сонце, и ништо не се промени! Тапите ни се потребни само за транспорт, низ смеа задоволно заврши тој.

My Way, A’gupke, Erа, Dissan, Imperator, се се тоа вина за кои мора да се поклопат многу работи за да настанат.

Истражувате, создавате нови вина, со неисцрпна желба за нешто ново. Кажете ни нешто за ова!

– Сакаме да експериментираме! Во категоријата на бели пенливи вина, за нас врв е вкусот на Смедеревката, а не на шардонето! Сепак пред три, четири години, први направивме пенливо бело вино од Шардоне и Смедеревка. Мораме да кажеме дека измисливме посебна техника во рамките на класичниот пристап за производство на пенливо вино, каде што виното од ферментација, без додавање на ликери и квасец, оди директно во шишето. Ова не е Просеко техника, туку класична метода, каква што се користела на времето за производство на првиот Dom Perignon  во манастирите. Таквото пенливо вино може безбедно да се чува во шише повеќе од десет години.

Правиме и ракија и коњак, а последно е виното Cooler, пенливо вино претставува фантастичен освежителен летен пијалок со 6% алкохол кое нуди прекрасен мирис на кајсии, малини, и е целосна замена за пиво. Постои само еден проблем: не можат да се исполнат барањата од Хрватска и Грција.

Располагате и со банка на вина?

Во подрумот има банка на вина. Се чуваат Бовиновите вина, но исто така и приватни збирки. Ќе се роди дете, внук, човек купува 200 шишиња и ги остава на чување две децении. Можете виното, исто така да го чувате дома, но кога ќе го отворите по 15 години не можете да го пиете. Ние во Бовин, гарантираме дека секое шише максимално добро ќе се чува и нема да изгуби од својот квалитет. Најстарото вино е од 2008 година, тука се и првите Императори, Дисан вино прво во регионот направено со повеќе од 17% алкохол, а исто така чуваме и ракија произведена од вишни.

Бовин има освоено многу престижни награди, последната ја освоивте за вранецот My Way 2011?

-Ги има навистина многу. Сите се важни и ни значат. Тие се потврда дека сме на правиот пат, и не мотивираат уште повеќе, да истражуваме и откриваме нови вкусови, за да понудиме уште подобри, поразлични вина. “Александар” 2010 година во Лондон, во конкуренција на 10.000 различни вина освои злато, “Императорот“ на саемот во Атланта Wine Lover Choice, буквално воодушеви, наградата Sakura во Јапонија, 5 Vinske zvezde за My Way во Хрватска. Би го истакнале интернационалниот вински натпревар одржан во Рочестер, Њујорк,  оваа година, каде вранецот My Way 2011 освои злато во конкуренција на вина од целиот свет. 25 експерти од 8 земји, реномирани сомелиери, енолози, винари, дистрибутери и вински новинари оценуваа повеќе од 1.000 вина од 26 држави. Црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин беше прогласено за едно од најдобрите на светот освојувајќи највисоко златно признание. Неговиот полн богат вкус со комплексни ароми на црно зрнасто овошје, во комбинација со чоколадни тонови,  одлежано во дабови буриња предизвика силни емоции и вистинско задоволство кај стручното жири, кои без двоумење му дадоа највисоки оцени.На истиот натпревар вината на Бовин A’GUPKA – 2012, како и DISSAN Barrique 2016 освоија бронза, додека Бовин Imperator се искачи на едно скалило повисоко и освои сребро, исто така во категоријата на црвени вина. https://wine.raiseaglassfoundation.com/results/2018


 

радар.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close