fbpx
ВестиВино

Вината на „Тиквеш“ со 13 награди и признанија на „Декантер“

Сите вина на „Тиквеш“ пријавени на најмасовниот светски вински натпревар „Декантер“ во Лондон освоија награди. Од вкупно 16.000 пријавени вина од целиот свет, винарската визба „Тиквеш“ освои вкупно 13 награди, од кои 7 бронзени медали и 6 признанија.

vinata na tikvesh so 13 nagradi i priznanija dekanter

 

Медали добија вината „домен лепово гранд куве 2013“ и „домен лепово шардоне 2014“; „гренаш бланк“ и „шардоне“ од серијата „спешл селекшн“, берба 2015; „александрија куве“ 2014, црвено; како и „бела вода“ црвено од бербата 2013-та и „барово“ црвено од бербата 2012-та.

Покрај медалите, овие вина добија и одлична препорака од судиите-оценувачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close