fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со повремени врнежи од дожд

Слаби врнежи од снег на Маврово и Попова Шапка

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.

-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 2 Тетово, 4 Охрид, Претор, 5 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Битола, 6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Берово, 7 Струмица, Виница, 8 Куманово, Дојран, 9 Штип, Гевгелија, 10 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)
34 Пожаране, 32 Дебар, 29 Маврови Анови, 23 Крушево, Лазарополе, Тетово, Претор, 19 Гевгелија, 15 Охрид, 16 Битола, 11 Тополчани, 10 Прилеп, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 7 Берово, 6 Крива Паланка, Дојран, Попова Шапка, 4 Струмица, Демир Капија, Ѓуриште, 3 Скопје-Петровец, 2 Крива Паланка, Штип, 1 Виница.

Слаби врнежи од снег утринава има на Маврово и Попова Шапка, а на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close