fbpx
ВестиВиноСовети

Виното резервирано за во зима

Како што паѓаат температурите надвор, а ги очекуваме и првите снежни врнежи, црвеното вино полека се сместува на нашето мени. Умерената потрошувачка на овој пијалок е поврзана со голем број здравствени придобивки, па затоа ние одбравме најмалку десетина причини поради кои оваа зима црвеното вино треба да биде ваш сопатник за време на ручекот или вечерата.

– Антиоксидансите во црвено вино штитат од рак.

– Виното содржи монозахарид арабиноза кој го зајакнува имунолошкиот систем.

– Природниот фенол ресвератрол помага да се загуби некој килограм од телесната тежина со нормализирање на метаболизмот. 

– Полифенолите во виното помагаат за зајакнување на срцевите залистоци и спречување на срцеви заболувања.

– Виното го подобрува протокот на крв во мозокот и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.

– Ресвератролот спречува воспаленија на увото, кои може да предизвикаат и оштетување на слухот.

– Овој фенол ги зајакнува окуларните капилари, со што се спречува развојот на различни проблеми со видот.

– Ресвератролот се бори и против бактериите кои доведуваат до распаѓање на забите и уништување на забната глеѓ.

– Алкохолот во виното го забавува ослободувањето на адреналин, кој помага да се намали стресот.

И не заборавајте, старата максима вели: лек или отров – се зависи од дозата. Козумирајте умерено!

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close