fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Високите сметки ја секнаа водата во системот за полнење на Дојранското Езеро

Жителите на Дојран се загрижени, стравуваат дека одлуката на Министерството за животна средина може негативно да се одрази врз нивото на вода во езерото.

Веќе неколку месеци хидро системот за полнење на Дојранското езеро не работи. Поради високите трошоци за струја пумпите се исклучени, а каналот низ кој се врши дотур на вода во езерото е обраснат со трева и трска и полн само со атмосферските води. Жителите на Дојран се загрижени, стравуваат дека одлуката на Министерството за животна средина може негативно да се одрази врз нивото на вода во езерото.

Злате Талески кој повеќе од три децении врши набљудување на езерото и секојдневно за потребите на УХМР ги мери температурата и нивото на водата  вели дека во моментов езерото нема потреба од дотур на вода, но исклучувањето на системот може да има негативен ефект на подолг период. Денешното мерење покажа дека водостојот изнесува 208 сантиметри над нулта кота.

И од општината велат дека моментално нема потреба од  загриженост, но сметаат дека системот треба да се одржува за да се активира кога ќе се јави потреба за тоа.

Од Министерството за животна средина велат дека место за вознемиреност нема, а во случај на евентуално намалување на нивото на езерото и покрај големите трошоци за електрична енергија, Владата ќе ја разгледала можноста за повторно вклучување на истиот.

„Во меѓувреме Буџетот на МЖСПП е неоправдано оптеретен со енормно високи сметки за електрична енергија кои од 4 милиони за месец, се покачија (од октомври месец 2021г. ) на повеќе од 20 милиони денари за месец

Дополнително според прелиминарните проценки на стручните лица кои вршеле увид на системот, за санација на истиот потребни се од  100 до 120 милиони денари.

Исто така, економските анализи покажаа дека е пооправдано  раскинувањето на договорот за концесија за хидроелектрана Топлец која останува во сопственост на државата и плаќањето на надоместокот за раскинување на Договорот, отколку системот да продолжи со работа на начин на кој сега функционира“ – велат од Министерството за животна средина.

Хидро системот беше изграден пред две децении со цел полнење на Дојранското езеро.https://sitel.com.mk/visokite-smetki-ja-seknaa-vodata-vo-sistemot-za-polnenje-na-dojranskoto-ezero

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close