fbpx
ВестиТоп вести

Нематеријалното културно наследство –  алка која  зближува

 

Република Македонија има богато културно наследство, што е повод за организирање најразлични собири, презентации, посети. Токму тоа наследство беше повод за средба и  посета на делегација од соседна Р. Србија на Македонија, поточно на Битола. Членките на Организација на жени од Битола заедно со Етнокреатив Битола, како домаќини се погрижија да ги запознаат подобро гостите од Лесковац , Власотинци и Грделиќ со нематреријалното  културно наследство карактеристично за Битола и  воопшто за Македонија.

Хотел Молика беше местото каде сите присутни имаа можност да уживаат во традиционално подготвена храна. Гостите беа пречекани со стариот македонски обичај погача и сол, по што следуваше слатко и вода напрaвено од членките на Организација на Жени од Битола. Најразлични пити и колачиња, домашна ракија и вино беа дел од понудата на домаќините. Членките на Етно креатив пак се погрижија средбата да ја збогатат со изложба на рачно изработени предмети во кои преовладуваше македонскиот народен вез со сите негови орнаменти и бои во кои е втемелен духот на македонската жена и нејзините усилби во зачувувањето на македонската култура и традиција.

Исто така и гостите од Србија се претставија со изложба на творби карактеристични за нивното поднебје како и со изведба на музички нумери што ја отсликуваат српската култура и традиција. Заедничката дружба беше одлична можност за меѓусебно запознавање со културата и традицијата на двете држави. Размената на искуства и можностите за идни соработки се причина повеќе во идниот период да се оргaнизираат повторно вакви средби не само во Македонија туку и во Србија.

Во рамки на дводневниот  престој во Македонја, гостите имаа можност да прошетаат по патеките на НП Пелистер, го посетија  Заводот и музеј во Битола, а секако имаа можност да се поклонат на спомениците на Српските гробишта во Битола. Како дел од нивниот прстој во Македонија беше и посетата на Крушево и гробот на легендарниот Тоше Проески.

Целиот настан беше во рамките на проектот на здружението Елендол  како промотор и чувар на нематеријалното наследство на Лесковачкиот крај и Грделичката клисура. Ова е само доказ дека нематеријалното културно наследство е  алка која само  зближува.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close