Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Владата дава 5 денари плус за килограм за производителите на сливи
Ова само ако откупната цена не била повисока од 9.90 денари по килограм
Министерот Цветан Трипуновски објави – дополнителни 5 денари за килограм за производителите на сливи.
Со измена на програмата за интервентен фонд во земјоделството за 2024 година, се донесе мерка за производителите на сливи од реколта 2024 кои производството на слива ги има предадено кај регистриран откупувач во периодот 20 август до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9.90 денари по килограм, а се запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи ќе добијат дополнителни 5 денари за килограм.