
Агро бизнисВестиТоп вести
Владата донесе измени во исплатата на субвенциите за јаболкопроизводителите
Според измената, покрај производителите кои што го предале својот род до 31.01.2025, сега се опфатени и производителите кои што го предале својот род до 30.06.2025.
На вчерашната владина седница изменета е Уредбата за директни плаќања со што им излегуваме во пресрет на јаболкопроизводителите, објави министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
-Според измената, покрај производителите кои што го предале својот род до 31.01.2025, сега се опфатени и производителите кои што го предале својот род до 30.06.2025.
– Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон зајакнување на земјоделскиот сектор и обезбедување на поддршка за секој производител кој вложува во македонското земјоделство.
Министерството е вистински партнер на земјоделците, напиша Трипуновски .