fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Зголемена појава на пожари на територијата на државата

Вечерва заседаваше Владата на Република Северна Македонија, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, пришто донесе повеќе одлуки:

  • Се донесе одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија;
  • Периодот на постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, е во траење од 30 дена;
  • Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите;
  • Се задолжува Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба;
  • Се задолжува Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба;
  • Да се информираат Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за донесената Одлука за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, согласно член 31 од Законот за управување со кризи;
  • За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, а врз основа на дадениот предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија му предлага на Претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба;
  • Се задолжува Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата;
  • Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.

Истовремено, Владата упатува апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

За ова, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close