Владата ќе формира јавно претпријатие за управување со хидросистемот „Ѓавато“ кој повторно ќе се активира
За активирање на пумпите на „Ѓавато“ притискаа и жителите на Дојран поради опаднатото ниво на Дојранското Езеро, како и земјоделците од Општина Богданци кои од овој систем ги наводнуваа посевите.
Владата на првата наредна седница ќе расправа за хидросистемот „Ѓавато“, кој поради високите сметки за електрична енергија не функционира околу 18 месеци, соопшти министерката за животна средина Каја Шукова. Таа рече дека се планира и формирање на ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува со хидросистемот, кој освен за дотур на вода во Дојранското Езеро ќе се користи и за наводнување на земјоделските површини во општините Дојран и Богданци.
За активирање на пумпите на „Ѓавато“ притискаа и жителите на Дојран поради опаднатото ниво на Дојранското Езеро, како и земјоделците од Општина Богданци кои од овој систем ги наводнуваа посевите.
„Со мали зафати и интервенции на хидросистемот ќе има капацитет од 1.000 литри во секунда. Ќе треба негова рехабилитација, ќе треба време да се санира бидејќи во голем дел има проблеми со пумпите, со вентилите, но тоа се технички работи. Како што разговаравме со претседателот на Владата, прво ќе одиме со рехабилитација, формирање на претпријатието и да се пушти конечно во работа после подолг временски период“, рече Шукова.
Таа кажа дека „Ѓавато“ ќе се користи и за дотур на свежа вода во Дорјанското Езеро и за потрбите на Општина Богданци.https://sdk.mk/