Владата ќе купува месо за 40 илјади евра

(Oвој напис е објавен на: February 16, 2018)

meso

Владата преку Служба за општи и заеднички работи ќе набавува јунешко, телешко, свинско, прасечко, јагнешко и јарешко месо во износ од близу 40 илјади евра. Тие распишале тендер за избор на најповолна понуда, а набавувач ќе биде оној кој ќе даде најниска цена.

Бараните карактеристики на месото што го набавуваат се различни. Според техничката спецификација, свежиот јунешки мускул, јунешкиот бифтек, јунешката кртина рамстек, јунешката розвратна, свежиот јунешки медалјон, бут џигер и шкембе заедно со јунешките врат и гради треба да бидат добиени од млади говеда на возраст од 12 до 24 месеци. Количината на овој вид месо е најобемна и изнесува 4.320 килограми.

Од телешкото месо, кое мора да биде свежо од млади говеда на возраст од 12 до 18 месеци, се бара мускул, бифтек, џигер и шкембе. Тоа мора да биде спакувано во пластични кеси, а потоа во кутии и секоја од нив да има до 10 килограми. Фирмата што ќе ја добие оваа јавна набавка ќе треба да достави 290 килограми телешко месо.

Прасечкото месо мора да е исклучитело од прва категорија и да биде 200 килограми. Владата бара и свинска кременадла, свинско филе, медалјон, свинско каре и врат без коска, свеж бифтек, бут без коска, свиска плешка без коска, прави и шпиц ребра, свински коленици, буткици, мускул и пафлак. Количината свинско месо изнесува 3950 килограми.

Последната ставка за набавка на Владата е јагнешкото месо,  кое се состои од кукурек, крезли, марамица, џигер и свежо јарешко месо.

Оваа набавка е објавена на 15 февруари, а, пак, понудите ќе можат да се достават до 7 март.


 

макфах.ком.мк