Агро бизнисБез категоријаВести
Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи
Денеска на владина седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти
Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти.
Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава.
Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена. -Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории.
На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава.