fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата скрои новогодишна кошничка со дефинирани цени и производи

Пред почетокот на зимата, за која се најавува дека ќе биде предизвикувачка, со ниски температури, премиерот е оптимист дека нема да има поскапување на електричната енергија.

Владата скрои новогодишната кошничка со дефиниран список со производи и цени. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во пресрет на зимата ќе стартува новата кошничка, со која, како што истакна, граѓаните повторно ќе ги почувствуваат ефектите како што беше со есенската.

Пред почетокот на зимата, за која се најавува дека ќе биде предизвикувачка, со ниски температури, премиерот е оптимист дека нема да има поскапување на електричната енергија. За средината на следната недела, тој најави позитивни вести во однос на снабдувањето и на стабилноста на енергетскиот сектор во земјава.

Дополнително, премиерот најави и продолжување на уште една мерка. Ваучерите за инвертер-климите за граѓаните ќе бидат достапни и следната година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close