fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Владата воведува кризен данок, а не еколошка такса, вели Трајко Славески

Зголемените цени на горивата нема да придонесат да се намали користењето на возилата.

Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок, изјави  на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја Владата дека создава паралелна реалност и погрешно ги именува работите.

„Нѐ убедуваат дека зголемените цени на горивата почивале на познатиот принцип ‘загадувачот плаќа’. Овој принцип, предложен од економистите пред точно еден век, е сосема во ред, но повикувањето на него во случајов претставува класична злоупотреба и замена на теза“, изјави Славески, прашувајќи дали ова значи дека сите корисници на автомобили, транспортери и вршители на јавен превоз во земјава се загадувачи?

„Се разбира дека не значи. Наместо да се воведе построга контрола на мерење на емисијата на издувни гасови при регистрација на возилата, како основа за примена на принципот ‘загадувачот плаќа’ во овој контекст, се предлага линеарно зголемување на цените на горивата за сите корисници, без разлика на видот на превозното средство“, рече Славески.

Тој додаде дека зголемените цени на горивата нема да придонесат да се намали користењето на возилата.

„Од досегашната практика може да се заклучи дека зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката на горивата. На тој начин се губи смислата на презентацијата на овој намет врз стандардот на граѓаните како еколошка мерка“, вели Славески.

Тој додаде дека несомнено, воведувањето на дополнителна давачка на горивата, преку зголемените цени, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет. Но, зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници.

„Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент,кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст. Имено да потсетиме дека цената на суровата нафта последнава година на светските берзи е зголемена на цели 90 отсто и само последниот месец е зголелема за 10 отсто и ова секако ќе влијае на зголемување на малопродажните цени на горивата“, вели тој.https://nezavisen.mk/vladata-voveduva-krizen-danok-a-ne-ekoloshka-taksa-veli-trajko-slaveski/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close