fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Внимавајте кога купувате рефус: Трговците и пазарџиите зачестено крадат на вагите за мерење!

Луѓето почнаа да си носат ваги кога купуваат пипер за ајвар!

„Луѓето почнаа да си носат ваги кога купуваат пипер за ајвар“, ваква информации утрово беше споделена во една од фејсбук групите каде граѓаните споделуваат информации за земјоделство и градинарство. Во таа група и во другите фејсбук групи, во последно време граѓаните често споделуваат поплаки за сериозни отстапувања во тежината на производите кои ги купуваат. Поплаките се однесуваат и за дел од маркетите, каде граѓаните забележуваат разлика во тежината изложена на рафтовите и реалната тежина на производот.

Најголемиот дел од граѓаните под објавата споделуваат искуства дека платиле една тежина, а реалната цена на производот е друга.

„Платив 25 килограми пиперки за ајвар, а реалната тежина на пакетот беше 17 килограми“, раскажува една од измамените потрушувачи, пренесува https://skopjeinfo.mk/

Тие додаваат дека вакви отстапки се зачестени во последните неколку години и дека трговците и препродавачите се почесто манипулираат со реалната тежина на производот.

На освен пазарџиите, вакви измами прават и регистрираните трговци. Освен со цените измами се прават и со грамажата. Граѓаните се жалат дека често производите, кои на опаковката им пишува дека тежат 700 грама, кога ќе ги измерат дома, грамажата е помала за 100 или повеќе грама. Во конкретниот случај, кога злоупотребите ги прават рергистираните трговци, на потег се инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, кој треба да проверуваат кој трговци го прекршуваат Законот за потрошувачи и заработуваат на грбот на потрошувачите.

Од Организација на потрошувачи велат дека постојано стигнуваат поплаки од страна на граѓаните дека има едни цени на рафт, а други на каса и оти дел од трговците покрај тоа што ги зголемуваат цените ја намалуваат и грамажата.

-Потрошувачите постојано се соочуваат со проблемот една цена на рафт, а друга на каса. Со овој проблем потрошувачите и порано се соочувале, но сега ова е почеста пракса кај трговците поради честото покачување на цените. Некои од трговците ја користат ситуацијата со зголемени цени на суровини, електрична енергија…и да ги зголемуваат цените, но истите да не ги зголемат на рафт. Често на потрошувачите на каса им се наплаќа повисока цена од онаа што е на рафт со оправдување дека е грешка и дека немале време да ги променат цените. Со тоа ги доведуваат во заблуда потрошувачите дека купуваат производ кој е со пониска цена, а всушност не е така, вели  Мартина Грчаревска, од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close