Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во атарот на Дебреште кучиња скитници удавиле 80 овци
Настанот се случил на локалната депонија во Дебреште
Во атарот на село Дебреште кучиња скитници удавиле 80 овци. Настанот се случил на локалната депонија кога глутница кучиња се нафрлиле на овци и ги искасапиле.
-Вчера утро, во 07.30 часот во Полициското одделение Ропотово, Б.С. од с.Дебреште пријавил дека во периодот од 27 до 30.03.2021 на место викано „Пештера“ и место викано „Крапски ореви“, атар на с.Дебреште, од страна на глутница на кучиња скитници, кои се собирале на депонија од ЈКП-Долнени, му биле удавени околу 80 овци. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Битола.
А.Б