Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Во атарот на село Смилево фатени ловџии без дозвола, ни за лов, ни за оружјето
На 15.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар во ловиште ,,Лесково“, на место викано „Тепих“ во атарот на с.Смилево, ги затекнале во незаконит лов И.С.(82) од с.Смилево и Н.Ѓ.(22) со престој во с.Загориче, демирхисарско.
На 15.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар во ловиште ,,Лесково“, на место викано „Тепих“ во атарот на с.Смилево, ги затекнале во незаконит лов И.С.(82) од с.Смилево и Н.Ѓ.(22) со престој во с.Загориче, демирхисарско. Тие не поседувале ниту соодветна дозвола за лов ниту дозвола за оружјето, а од нив биле одземени ловни пушки и ловни куршуми. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со чл 80 ст.1.т.1 од Закон за оружје.