fbpx
ВестиТоп вести

Во Кочанско се очекуваат рекордни приноси ориз

Во Кочанско се очекуваат рекордни приноси ориз во октомври годинава од проектот што се реализира со поддршка на Швајцарската влада.

vo kochansko se ochekuvaat rekordni prinosi oriz

 

Стануза збор за експериментален проект за органско производство на ориз со систем за наводнување „капка по капка“.

– Целта на проектот е квалитетно оризопроиводство, добивање поголеми приноси оризова арпа по единица површина, намалување на употребата на пестициди и заштеда на вода во текот на наводнителната и вегетативна сезона. Задоволни сме од досегашната реализација и очекуваме успешни резултати, истакна амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Македонија Сибиле Сутер Тејада, при посетата на Кочани.

На средбата со градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, беше истакната успешната соработка на општина Кочани со Швајцарската конфедерација, бидејќи голем дел од проектите што се реализираат во општина Кочани се со финансиска поддршка токму на владата на Шавјцарија.

– Изградбата на пречистителна станица на отпадни води во Кочани, прокетот за заштита на животната средина во градот, во неколку населени места и Туристичкиот центар Пониква, како и поддршката за реализација на значајни проекти од програмата Форуми во заедницата, се дел од проектите кои ги финансира Швајцарската влада преку програмата на СЕКо и УНДП, истакна Димитровски.

Амбасадорката го посети и туристичкиот локалитет Водопади кај браната Градче.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close