fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во компаниите во ТИРЗ работат над 18.000 лица

Бруто платата во рамки на зоните прво го надмина износот од 60 000 денари

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски ја оцени 2023-та како успешна година. Прв пат, рече, се надмина бројката од 18.000 работни места што е над 11 проценти раст во однос на лани.

ТИРЗ, информира Деспотовски на брифинг со новинарите, во 2023-та регистрира и минимум 20 проценти раст на бруто платата во однос на просекот минатата година.

Според него, оваа година се очекуваат минимум 75 милиони евра прилив во Буџетот по основ на придонеси. Има и раст на нето извозот кој, како што потенцира директорот, ќе надмине 20 проценти.

Само во 2023-та, истакна Деспотовски, се склучени нови договори вредни 450 милиони евра кои ќе отворат речиси 7.000 нови работни места.

-Имаме успешна година која ја оставаме зад нас. Она што посебно ме радува е тоа што двете основни цели што ги поставивме во почеток на мојот мандат, а тоа е растот на работните места и растот на платите, ги остваруваме. Оваа година првпат ја надминуваме бројката од 18.000 работни места. Тоа значи дека имаме здрав тренд на пораст на бројот на работни места којшто продолжува и оваа година. Годинава веќе имаме над 11 проценти раст на бројот на работни места споредено со минатата година. Она што исто така е многу важно и исто така лично многу ме радува е тоа што регистрираме значителен пораст на бруто платата во однос на просекот минатата година, зборувам за минимум 20 проценти. Велам минимум бидејќи се уште ги очекуваме податоците за декември. Меѓутоа, заклучно со она што го имаме со податоци со ноември говори дека бруто платата во рамки на зоните прво го надмина износот од 60 000 денари и второ, расте со повеќе од 20 отсто што е пет процентни поени подинамична во однос на растот на платите во националната економија, изјави Деспотовски.  https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close