
Во Куманово се одржа 25-та саемска манифестација „Денови на медот“
Овој настан уште еднаш ја потврдува улогата на здружувањето на пчеларите затоа што само преку заедничка работа, размена на искуства и заеднички настап ќе можат успешно да се справуваат со предизвиците, да обезбедат поквалитетен производ и да бидат поконкурентни на пазарот.
Државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопanство, Борче Серафимовски присуствуваше во Занаетчискиот дом во Куманово на 25-та саемска манифестација „Денови на медот“, во организација на Пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово.
Овој настан уште еднаш ја потврдува улогата на здружувањето на пчеларите затоа што само преку заедничка работа, размена на искуства и заеднички настап ќе можат успешно да се справуваат со предизвиците, да обезбедат поквалитетен производ и да бидат поконкурентни на пазарот.
Ваквите локални саемски манифестации се од особено значење, тие не се само место за промоција на медот и пчелните производи, туку и силен поттик за развој на локалната економија, поддршка на семејните бизниси и зајакнување на соработката помеѓу производителите и потрошувачите.
„Поддршката на вакви настани значи поддршка за производство на здрава храна, здрава исхрана, одржливо производство и зачувување на традицијата која ја збогатува нашата заедница“, истакна државниот секретар.