fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во Македонија и Албанија се помалку се јаде месо, сточарството е во слободен пад

Албанија, Македонија, Молдавија и Турција се на последно место за конзумирање месо во Европа. Најмногу месо јадат Шпанците, 99 килограми по човек годишно.

Албанија, Македонија, Молдавија и Турција се на последно место за конзумирање месо во Европа. Најмногу месо јадат Шпанците, 99 килограми по човек годишно. Албанците годишно консумираат 39 килограми месо, односно 3,2 килограми месечно или близу 750 грама неделно. Ова количество е најниско во Европа. Но кои се причините поради кои граѓаните признаваат дека ја намалиле количината на потрошувачката.

Главна причина зад малото количество на месо на трпезите во домаќинствата во Албанија е високата цена. Трговците тврдат дека од година во година се помалку продаваат месо од причини кои се движат од цената до падот на бројот на население. Во земјата се бележи и пад на сточарството како стопанска гранка.

Во 2022 година Албанија имала 12% помалку говеда, 2,7% помалку овци и 6% помалку кози. Локалното производство во Албанија не може да ја задоволи ниту најмалата потребна количина на месо, поради што трговците се свртуваат кон регионалните пазари за да ги снабдат потрошувачите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close