fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во недела топло со температури до 25 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Времето недела  ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close