Вести
Во пожар изгореа 450 тони неожнеана пченица
Околу 450 тони неожнеано пченично зрно, сопственост на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, изгореле вчера во пожар во атарот на село Кременица.
Како што соопшти полицијата, пожарот избувнал во 14:15 часот, зафатил 90 метри квадратни површина, а бил изгаснат во 16:00 часот од екипи на Територијалната противпожарна единица – Битола и вработени во „Пелагонија“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.