fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цената на пченицата паѓа-Во штипско-карбинскиот регион се очекуваат добри приноси на житните култури

Земјоделците годинава очекуваат да соберат од еден хектар околу четири тони пченица, а лани просекот беше два тони.

Производителите на житни култури во штипско-карбинскиот регион годинава очекуваат побогат род на пченица, за разлика од лани. Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и индивидуален земјоделец вели дека земјоделците годинава очекуваат да соберат од еден хектар околу четири тони пченица, а лани просекот беше два тони. Забележува дека временските прилики во моментов им одат во прилог за подобри приноси.

-Но, за цената ќе видеме каква ќе биде ситуацијата. Во моментов цената на пченицата е малку падната. Ние очекуваме ако продолжи вака да помогне министерството за земјоделство околу цената, исто така некои од земјоделците и сточарите сакаат да биде забранет извозот на пченица, а пак производителите на пченица пак сакаат обратно да има извоз на пченица, вели Сарафимов.

Прашан која би била реалната цена на пченицата, Сарафимов вели дека не треба да биде под 20 денари за килограм.

-Сега е падната цената на пченицата на 14-15 денари. Меѓутоа тоа е ниска цена, се останато се зголеми, репроматеријали, ѓубрива, нафтата се исто качи. Есента кога ја сеевме пченицата, цената на нафтата беше 110 денари, рече Сарафимов.

Смета дека годинава жетвата на житните култури ќе почне навреме, но забележува дека се појавуваат некои болести кај пченицата.

-Есента имавме некои болести околу пченицата и тоа не е добро, бидејќи се користат разни пестициди и сега во овој период мораме да ја прскаме, бидејќи веќе е голема. Тоа не добро, вели Сарафимов.

Тој истакна дека земјоделците подолго време бараат и имаат иницијатива да им се дозволи контролирано палење на стрништата, по жетвата на житните култури. Идејата им е стрништата да се палат под надзор.

-Ова го бараме бидејќи сега имаме повеќе штета од болести, отколку претходно кога се палеа стрништата, додаде Сарафимов.https://makpress.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close