Нема застој во откупот на праски и јаболка

(Oвој напис е објавен на: June 20, 2019)

Нема застој во откупот на праски и на јаболка, состојбата постојано се следи, соопшти на прес конференција  портпаролот на Министерството за земјоделство, Соња Јанковска.

„МЗШВ секогаш има отворена комуникација со земјоделците и секогаш излегува  со соодветни решениија кога за тоа има потреба. По однос на праските , на терен, на откупните пунктови во Росоман има претставници на МЗШВ и останатите надлежни институции. Нема застој и сеона што се бере се носи во откупните центри, се откупува и оди за извоз. Како што кажавме и претходно  најголем дел од извозот оди за Русија, а остатокот во регионот. Државниот инспекторат  е на терен во случај на манипулација при откупот и цените, а Државната фитосанитарна лабораторија  работи со полн капацитет  за навреме да се извршат сите потребни анализи“, соопшти Јанковска.

Што се однесува за јаболката Јанковска соопшти дека се врши и откуп на јаболка во Ресен. Потсети  на интервентната мерка, со цел да се анулира загубата што ја трпат овоштарите која ќе трае до 25 јуни и изрази надеж дека ќе се откупат целокупните количини јаболка.

П.Ј.

Share Button