вестиМакедонијаТоп вести

Во Преспа  почна  сезоната на берба на јаболка

Да не се продаваат јаболката по цена пониска од 15 ден за килограм апелира до индивидуалните производители, работната група на јаболко производители  по состанокот со откупувачите.

Иако официјално стартот на бербата на јаболка се означува на 27 септември на верскиот празник Крстовден во Преспа почна берба на јаболка, а се врши и откуп. Оваа година родот е добар и се очекува да бидат собрани од 100 000 – 120 000 тони јаболка. Во моментов, за време на пандемија ,се врши берба на сортите „муцо“ и „златен делишес“ за кои има и откуп од локалните трговци во Преспа. „Ајдаред“ е сортата која е застапена со околу 70% на овошните насади и нејзината берба допрва стасува. Работната група на јаболко производители од овој регион им советува на овоштарите да не ги продаваат јаболката по цена пониска од 15ден/кг по нивната средба со локалните откупувачи.

-Поради големиот интерес  за откуп  на годинешниот  род на јаболко „ајдаред“  став на земјоделските задруги е да не се потпишуваат договори за продажба на јаболка за цена пониска од 15 ден/кг  ајдаред прва класа. Им советуваме на индивидуалните земјоделци да не брзаат со потпишување на договори, вели Менде Ивановски дел од работната група на јаболко производители во Преспа.

Ивановски посочи на проблемот со сезонските работници и за Зелена берза рече дека ставот на работната група е дневницата да биде 1200 ден.

Во моментот во Преспа се врши откуп на сортите „муцо“ и „златен делишес“ по цена од 18 – 22 ден за килограм во зависност од квалитетот. Како што не информира Ивановски овие количини јаболка најголем дел  се наменети за рускиот пазар, а само мал дел за европскиот пазар.

П. Јовановска

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close