fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено утре во попладневните и вечерните часови и во западните делови.

Променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Kp. паланка Ckonje времето утре 28.11.2021. град тмин. тмакс. CKonje 4 16 тетово 6 15 2 6 7 13 5 15 5 14 4 14 6 16 7 17 3 13 8 18 6 17 7 17 тетово св. николе маврово охрид битола прилеп кр.паланка св. николе штип берово д.капија струмица гевгелија берово штип маврово 주 прилеп д. капија охрид струмица битола гевгелија“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено утре во попладневните и вечерните часови и во западните делови. До понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер.
Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, температурата значително ќе се намали, на планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close