
Со работа почнува новата фабрика за автоделови кај Штип
Канадска инвестиција вредна 45-50 милиони евра
Следната недела со работа ќе започне нова странска инвестиција во Технолошката индустриска развојна зона кај Штип (ТИРЗ-Штип). Станува збор за фабрика на канадската компанија „Магна“, која почна да се гради во 2023 година, а ќе произведува компоненти за автомобилската индустрија.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа компанија ќе вложи околу 45-50 милиони евра и ќе вработи од 500 до 600 луѓе.
Уште кога почна да се гради оваа фабрика беше најавено дека вработените ќе имаат просечни плати од 850 евра и дека намерата е со проширување на производствените капацитети бројот на вработени да се зголеми за уште толку.
Мицкоски кажа дека покрај оваа инвестиција, во процес на развивање се уште 15 странски инвестиции и очекува најмалку половина да бидат успешно реализирани