Во Словенија рекорден број барања за работни дозволи
Во Словенија, странците главно се вработени во дејности кои се карактеризираат со теренска работа и под тешки услови, како што се градежништво, транспорти земјоделство.
Во Словенија изминатава година има значително зголемување на побарувачката за вработување на странци. Заводот за вработување соопшти дека во 2021 година биле примени 52.281 барање за работни дозволи, што е најмногу од 2015 година, кога е воведен сегашниот систем, јави СТА.
Словенија на тој начин го надмина претходниот рекорд од 48.127 барања за работна дозвола примени во 2019 година, кога вработувањето на странци во Словенија беше највисоко во последните години.
Се наведува дека од 52.281 пристигнати барања во текот на 2021 година, одобрени се 46.264, а одбиени 6.017. Зголемениот интерес на странците за работа во Словенија е последица и на структурната нерамнотежа на пазарот на трудот, при што побарувачката на работодавачите во оваа земја е далеку над сегашната понуда.
Во Словенија, странците главно се вработени во дејности кои се карактеризираат со теренска работа и под тешки услови, како што се градежништво, транспорт, производство, угостителство и земјоделство.https://nezavisen.mk/vo-slovenija-rekorden-broj-baranja-za-rabotni-dozvoli/