Закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Вкупно на огласот се понудени скоро 700 хектари во 14 општини од кои поголемите површини се во Свети Николе 427, Штип 79, Берово 31 и во Битола 20 хектари.

zakup na drzhavno zemjodelsko zemjishte do tri hektari

 

Парцелите се наменски  за производство на добиточна храна, житни, фуражни и индустриски култури за период  до 15 години.

Максималната површина која може да се даде во закуп на еден учесник е 3 хектари доколку понудувачот има најмалку 5 глави говеда или 50 овци или кози и 20 свињи  и соодветен број на живина.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар.

Почетната цена се утврдува во зависност од катастарската класа и местото каде што се наоѓа земјиштето. Огласот трае 30 дена.