fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Асоцијацијата на земјоделци задоволна од предлог моделот за субвенционирање, засеани 30 % повеќе површини со пченица и јачмен

Позитивно е што како земјоделци веќе не се чувствуваме како луѓе од втор ред, вели Стојкоски

Новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството е прифатлив за земјоделците. Согласни се дека со него се дава решение за голем дел од проблемите кои досега ги имаше стариот систем бидејки поддршката според нив ќе биде насочена кон вистинскиот земјоделец чија основна дејност е земјоделството.

„Позитивно е што како земјоделци веќе не се чувствуваме како луѓе од втор ред. Имаме добра комуникација со министерството за земјоделие.Oд таму се заинтересирани да го зголемуваме производството особено на пченицата и јачменот. Конечно државата виде кои беа старите грешки, како недовoлно посветено внимание кон земјоделецот, што беше причина и за мало и недоволно производство. Министерството сфати дека домашното производство не може да биде поскапо од увезеното бидејќи механизацијата што ја користиме троши нафта, купуваме резервни делови, има многу луѓе од други придружни дејности што се врзани со нас, со земјоделството“вели во изјава за ЛокалноПетре Стојковски од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Новиот модел за субвенционирање се очекува да биде побрз и поефикасен.Според објаснувањата од надлежните органи, не се крати од досегашната поддршка што ја добива земјоделецот , туку истата се зголемува и реорганизира во повеќе програми, со што се очекува да се намали можноста за плаќање во готово. Според предложениот модел земјоделците за да добијат помош ќе мора да дадат доказ дека имаат остварено и предадено производство, а низ зголемен обем на контрола се очекува да се зголеми производството на домашна храна. Од своја страна земјоделците ќе предложат производството да може да се предава и на фарми, а  не само  на регистрирани откупувачи и преработувачи.

„Дополнителните субвенции се новина за нас и сакаме максимално да ги искористиме. Моменталните услови за сеидба на пченица и јачмен  се многу добри. Бидејќи е ова ретко добра година со вака добри услови за садање, ние земјоделците сакаме што повеќе површини да ги засадиме.Дополнителен мотив се субвенциите за засадена пченица.Сега сакаме и како земјоделци да се натпреваруваме, да произведеме што повеќе килограми житни култури за да добиеме субвенции и по хектар и по однос на принос“вели Стојковски.

Во ек на сеидба на житни култури, земјоделците се уверени дека ќе засадат за третина повеќе површини од лани, но тоа според нив нема автоматски да ја направи Македонија независна од увоз на житни култури. Приносот вели Стојковски ќе зависи од повеќе фактори.

„Ако засадиме пченица не значи дека ќе станеме независни во однос на потребите за пченица во Македонија, но секако повеќе ќе посееме во однос на лани. Како ќе биде понатаму, колкав ќе биде приносот со жетвата а со тоа и приходот,ќе зависи од многу фактори, какви ќе бидат временските услови, колку студена ќе биде зимата, потоа дали и каква прихрана ќе се користи за земјата. Добиваме  субвенции по килограм вештачко ѓубре но не знаеме какви ќе бидат цените на пролет кога треба да го купиме ѓубрето и да го  прихраниме засеаното.Сега сме во ек на сеидбатаи сигурно ќе посееме најмалку за 30 % повеќе од лани“задоволно коментира Стојковски.

Коментирајќи ги се погласните реакции во однос на скапата цена на лебот, Стојковски поосочува дека тие во ниту еден случај не треба да бидат насочени кон земјоделците.

„Не навредуваат реакциите за цената на лебот, бидејки лебот е скап, а ние пченицата ја даваме евтино.Од еден килограм брашно се вадат три векни леб. Цената на лебот е 50 ден што значи дека брашното по оваа логика  би требало да чини 150 денари. На овој начин имаме нереална состојба во трговијата“вели Стојковски.https://lokalno.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close