fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во тек е жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион

Откупната цена на стартот им е 10 денари за килограм, за разлика од лани повисока за еден до два денари.

Почна жетвата на јачменот, земјоделците од штипскиот регион велат дека годинава за половина им е намален родот, спредбено со лани. Откупната цена на стартот им е 10 денари за килограм, за разлика од лани повисока за еден до два денари, пренесува телевизија Телма.

Според ресорното министерство жетвата се одвива без проблеми, и нивните анализи покажуваат дека годинава приносите на јачменот, сточната храна се пониски. Препорака е земјоделците кои имаат услови за складирање на родот, тоа да го сторат, бидејќи во екот на жетвата нормално е цената да е пониска.

Цената на житните култури кај нас зависи од тоа колку ќе се произведе во соседна Србија, која е осми извозник на житарици во светот. Количините на јачмен ќе ги задоволи домашните сточари, поради големото намалување на сточниот фонд. Земјоделците со години алармираат дека се намалуваат површините со јачмен и пченица. Според податоците на статистика во 2020 година се засеале 1.000 хекатри помалку житни култури.https://telma.com.mk/2021/07/02/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close