
Во Тетово не се штеди на плати за вработени
Највисока просечна плата во Тетово исплаќа компанијата Еколог од 87.960 денари, а веднаш зад неа е фудбалскиот клуб Шкендија со просек од 86.389 денари.
Поединечната анализа по градови на компаниите кои исплаќаат највисоки просечни плати не доведе до Тетово. Ова е градот кој го има највисокиот просек на топ 10 компаниите, а согласно финансиските извештаи иако короната во голема мера ги пореметила финансиските текови, сепак потенцијалот е сеуште присутен, a интересен е податокот што за прв пат во топ 10 имаме еден фудбалски клуб. Во продолжениe и анализа на податоците кои ги генерираше Бизнисмрежа.мк
Последната финансиска година кај половина од оваа група на компании го успорила растот, а исто така не се евидентирани ни некои позначителни порасти кај останатите компании.
| НАЗИВ | ПРИХОДИ 2020 | ПРИХОДИ 2019 | РАСТ% |
|---|---|---|---|
| ЕКОЛОГ | 7.932.610 | 9.078.975 | -12,63% |
| ФK ШКЕНДИЈА | 2.544.691 | 3.196.255 | -20,39% |
| АВИЦЕННА4ИТ | 1.003.945 | 868.866 | 15,55% |
| ПИЦКАТАЛЕ | 915.863 | 897.994 | 1,99% |
| ЕУРОПЕАН ПЛАНТС | 3.475.941 | 4.685.554 | -25,82% |
| ЛИНКЕР ГРОУП | 978.593 | 1.084.129 | -9,73% |
| КАБИ ИНВЕСТ | 631.609 | 1.305.864 | -51,63% |
| СЕНТИС АГ | 5.786.263 | 5.603.026 | 3,27% |
| КООРДЕА АУТСОРСИНГ | 881.666 | 870.935 | 1,23% |
| ИТАЛУКС | 1.596.294 | 1.413.324 | 12,95% |
Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк
Лидер во ова друштво според остварени вкупни приходи за 2020 година е компанијата Еколог. Оваа компанија е инвестиција на Ecolog International од Дубаи и покрај падот од 12.6%, сепак останува лидер со вкупна реализација од скоро 8 милиони ЕУР. Веднаш позади неа се наоѓа компанијата Сентис АГ, која има приходи од 5.7 милиони ЕУР и годишен раст од 3.2%. На ниво на топ 10 сегмент има значителен пад на приходи од 3.2 милиони ЕУР. Останатите компании секоја на свој начин пронаоѓала решенија за излез од кризата, а притоа својот потенцијал за раст го остварила компанијата Авиценна4ИТ, која надмина 1 милион ЕУР приходи, со годишен раст од над 15%. Од друга страна, градежната компанија Каби Инвест евидентирала огромен пад на приходите од над 50%, но тука може да важи истата девиза како и за компанијата Жикол(од предходната анализа).
По се изгледа дека профитабилноста на овие 10 компании е во втор план и можеби долгорочните планови се во насока на постојано инвестирање и вложување во квалитетни капацитети(пред се човечки), а плодовите од макотрпната работа ќе се собираат со одредено закаснување, што е и нормален процес во развој на една компанија.
| НАЗИВ | ДОБИВКА 2020 | ДОБИВКА 2019 | РАСТ% |
|---|---|---|---|
| ИТАЛУКС | 228.506 | 227.003 | 0,66% |
| ЕКОЛОГ | 224.536 | 175.183 | 28,17% |
| АВИЦЕННА4ИТ | 223.730 | 273.150 | -18,09% |
| СЕНТИС АГ | 162.336 | 42.076 | 285,82% |
| ЕУРОПЕАН ПЛАНТС | 128.158 | 170.180 | -24,69% |
| КАБИ ИНВЕСТ | 109.012 | 21.263 | 412,69% |
| ФK ШКЕНДИЈА | 58.613 | (124.882) | / |
| КООРДЕА АУТСОРСИНГ | 15.144 | 3.118 | 385,65% |
| ЛИНКЕР ГРОУП | 3.789 | 37.241 | -89,83% |
| ПИЦКАТАЛЕ | (38.948) | 62.310 | -100,00% |
Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк
Вкупно остварената добивка на сите 10 компании едвај надминува 1 милион ЕУР, што е подобар резултат од 2019 година, но сепак и тука има 4 компании(Линкер Гроуп, Еуропеан Плантс, Пицкатале и Авицена4ИТ ) кои оствариле пониско ниво на нето добивка, а токму Пицкатале е динствениот загубар во оваа категорија. Иако навидум процентите,како за пад така и за пораст, делуваат огромни, сепак апсолутните промени во износите и не се така големи. Според остварена добивка има 3 компании кои го одржуваат нивото а тоа се: Еколог, Авицена4ИТ и Италукс. Сите тие имаат остварена добивка од над 200.000 ЕУР.
Клучниот сегмент од оваа анализа е нивото на плати кои се исплаќаат кај овие 10 компании. Имено, токму оваа група го има највисокиот просек од сите предходни анализи по градови и градот и вработените треба а бидат благодарни за тоа што постојат овие компании, а пак пред компаниите стои одговорноста за одржување на бизнис моделите кои носат зголемено ниво на благосостојба кај поединците. Просекот на исплатена нето плата кај топ 10 компаниите изнесува 48.710 денари.
| НАЗИВ | ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН 2020 | ВРАБОТЕНИ 2020 | ВРАБОТЕНИ 2019 | РАСТ % |
|---|---|---|---|---|
| ЕКОЛОГ | 87.960 | 218 | 205 | 6,34% |
| ФK ШКЕНДИЈА | 86.389 | 54 | 205 | -3,57% |
| АВИЦЕННА4ИТ | 53.192 | 29 | 24 | 20,83% |
| ПИЦКАТАЛЕ | 45.469 | 50 | 40 | 25,00% |
| ЕУРОПЕАН ПЛАНТС | 39.596 | 158 | 162 | -2,47% |
| ЛИНКЕР ГРОУП | 38.922 | 15 | 15 | 0,00% |
| КАБИ ИНВЕСТ | 37.259 | 12 | 7 | 71,43% |
| СЕНТИС АГ | 35.324 | 60 | 55 | 9,09% |
| КООРДЕА АУТСОРСИНГ | 31.798 | 72 | 72 | 0,00% |
| ИТАЛУКС | 31.188 | 19 | 18 | 5,56% |
Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк



