Дождот ја прекина жетвата на јачмен во велешко

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Дождот кој од вчераутро почна да паѓа ја прекина жетвата на јачменот. Поради влагата комбајните не можеа да влезат на површините под јачмен. Доколку дождот продолжи да врне и во наредниве денови ќе ја попречи жетвата. Во оштините Велес, Градско и Чашка, под јачмен се посеани над три илјади хектари. Досега од нив се ожнеани околу 30 насто. Приносите од ожнеаните површини се добри. Од хектар се собрани од 2.500 до 3.000 килограми кои за овој дел од регионот се оценуваат како мошне добри.

dozhdot ja prekina zhetvata na jachmen vo veleshko

 

Доколку дождот не престане приносите кај јачменот ќе се намалат, велат земјоделците. Тие сметаат дека дождот ќе предизвика осипување на веќе престасаниот јачмен.

Додека за јачменот е негативен, дождот ќе се одрази позитивно вр пченицата која е во ек на зреење. Под лебно жито во овие општини годинава се посеани над 3.500 хектари и земјоделците очекуваат добри приноси. Тие се надеваат дека откупната цена годинава нема да биде иста како ланската која изнесуваше девет денари за килограм. Веруваат дека годинава државата нема да дозволи пченицата да остане во амбарите туку дека ќе биде откупена и ќе биде искористена за производство за леб а некако во минатите години за добиточна храна.

Инаку под пченица и под јачмен годинава најголеми површини се посеани во реонот на селото Иванковци, Оризари, Извор и во ЗК Вардар од Градско.