fbpx
Вести

Во Велес ќе се евидентираат околу 1.200 тутунопроизводители

Педесет тутунопроизводители од велешкиот регион се пријавиле и се евидентирани во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес од почетокот на евиденцијата што почна на 1-ви овој месец, информира Антонио Трајков раководител на подрачната единица.

vo veles kje se evidentiraat okolu 1 200 tutunoproizvoditeli

 

Трајков рече дека очекуваат од општините Велес, Градско и Чашка да евидентираат околу 1.200 тутунопроизводители.

– При евидентирањето им се издава картон за тутунопроизводители. Тоа им овозможува со откупните фирми да склучат договори, потоа ќе ги добијат и сите потребни бенифиции за производството на тутун за годинашната реколта и на крајот ќе се обврзат и да го продадат произведениот тутун, информира Трајков.

Воедно, дополни, евиденцијата на тутунопроизводителите е со цел тие за своето производство да ги добијат и предвидените субвенции, а кои ги дава Владата со цел да им помогне на тутунопроизводителите да го зголемат своето производство и така да стекнат подобра езистенција за своите семејства.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close