fbpx
Агро бизнисВестиВиноТоп вести

Во винарија „Ерос“ и годинава ноќна берба на грозјето

Карактеристично за целото производство во винаријата е органското производство.

Младиот лозар Сашко Андов од с.Марена не ни сонуваше дека еден ден професионално ќе се занимава со производство на вино. Иако своето детство го поминал низ лозовите насади што се наоѓаат во т.н. место „Маренски уши“ имал желба  еден ден да се занимава со машинство конструкции и сл. Но како што велат – „не вели никогаш – никогаш“,  го прифатил она што му го пружил животот и ги започнал своите експерименти во малата семејна винарија „Ерос“ во с. Марена.

Карактеристично за целото производство во винаријата е органското производство. Имаат ноќна берба на грозје. Од винарија „Ерос“ велат дека многу подобро е кога се бере ноќе, грозјето е изладено.

-Традиција што премина во неизбежен ритуал како би имале убава сезона..Симнуваме ѕвезди и ги преточуваме во виното…, објавија од винарија „Ерос“ на Сашко Андов.
Грозјето и виното се двата симболи на Тиквешкиот регион и тамошните жители ,кој помалку кој повеќе, својата иднина ја градат и ja темелат токму на нив. А што е најважно за да се успее? Потребна е  желба и  љубов кон природата. Секој еден што го има ова е способен да работи, да твори и да живее од производството на вино, вели Сашко Андов, за Зелена берза.

Приказната за винарија „Ерос“ ја објави Зелан берза https://zelenaberza.com.mk/proizvodstvoto-na-vino-e-umetnost-nokna-berba-na-grozje-za-pokvalitetno-vino/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close