Во владина процедура влегува новиот закон за аквакултура и рибарство
Искористувањето на овој фонд ќе овозможи зголемување на бројот на рибници. „Стрежево“ како концесионер, постојано се грижи за одржување на рибниот фонд во акумулацијата , рече директорот Граматкоски и додаде дека „Стрежево“ плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.
Во владина процедура влегува новиот закон за аквакултура и рибарство, целосно усогласен со директивите на ЕУ, рече министерот за земјоделие Љупчо Николовски при вчерашната посета на акумулацијата Стрежево.
„ Не само законот за рибарство и аквакултура. Само што заврши проектот на ЕУ за финансиска поддршка на Министерството за земјоделие пред околу два месеци каде што заедно со странските партнери, меѓународните поддржувачи и делагацијата на ЕУ го промовиравме и Законот за финансиска поддршка во рибарството кој што воспоставува сосема нови механизми, програми, и основи за поддршка на овај значаен сектор. Така што до крајот на годината ќе имаме нов закон за рибарство и нов реформски закон за финансиска поддршка во рибарството кој можеби се носат после 30 години. Праќаме порака дека не е ова сагмент кој што е запоставен,“, рече министерот Николовски.Искористувањето на овој фонд ќе овозможи зголемување на бројот на рибници. „Стрежево“ како концесионер, постојано се грижи за одржување на рибниот фонд во акумулацијата , рече директорот Граматкоски и додаде дека „Стрежево“ плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.
„ Покрај порибувањето во акумулацијата „Стрежево“ ние имаме и сопствен рибник каде што рибопроизводството од година во година е се поголемо. Можам да кажам дека ако капацитетот се движи од 50 до 60 тона ланската година имавме 62-тона продадена риба на битолскиот, прилепскиот и охридскиот пазар“, рече Менде Граматковски, директор на „Стрежево“.
Со заедничка посветеност, ние како надлежна институција концесионерот од друга страна, придонесуваме заедно за развој не само на рибарството, туку и на акватуризмот, заштита на животната средина и биодиверзитетот и заштита на земјоделското производство, потенцираше министерот Николовски.