fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Побезбедно пријавување за вознемирување на работното место

Ново законско решение за мобинг

Министерството за труд и социјална политика во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место, чија цел е  работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

-Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов воспоставената Комисија за заштита од дискриминација има можност да постапува во случај на  пријава на мобинг. Комисијата има надлежност и можност да истражува, да доаѓа до докази коишто ќе одат во прилог на едната или на другата страна, рече министерката Тренчевска во интервју за Алсат ТВ.

Тренчевска, како што соопштија од МТСП, посочи и дека Владата постојано презема конкретни чекори за воспоставување на сеопфатен и ефикасен систем за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.https://nezavisen.mk/novo-zakonsko-reshenie-za-mobing-pobezbedno-prijavuvanje-za-voznemiruvanje-na-rabotnoto-mesto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close